Адел се најде на насловницата на модното списание „Вог“. Со ова, британската пејачка е првата славна личност што се појавила на насловните страници и на британското и на американското издание на списанието истовремено.

Во жолтиот фустан, Адел позираше за британското издание на списанието, а во зелено – за американскиот „Вог“. За фотографиите објавени покрај нејзиното интервју, таа носи и елегантна кошула и јакна. Меѓу другото, таа позира и во тесен црн фустан. За сликите, Адел доби над три милиони допаѓања.

Во интервјуто, таа говори и за слабеењето изминативе две години.

– Не сакав само да ослабам, туку да станам силна. Мислев, ако станам физички силна, тогаш ќе ги контролирам и моите емоции. Вежбам два или трипати на ден, вели Адел.

Околу разводот од Симон Конецки, признава дека го напуштила затоа што не била така среќна во тој брак како порано.

– Ништо лошо не се случи, едноставно повеќе не ми одговараше. Би бил мизерна, ако не се ставам себеси на прво место, појасни пејачката, начнувајќи ја и досегашната љубовна врска со спортскиот агент Рич Пол.

– Тој е толку забавен и инелигентен. Момците со кои бев порано го мразеа вниманието кога излегуваа со мене во јавност. Беа под стрес. На богатите не им е грижа, не му пречи, раскажува Адел.

Инаку, Адел неодамна објави кусо видео како најава за новата песна „Easy On Me“ којашто треба да излезе на 15 октомври. Обожавателите на пејачката се воодушевени и се очекува оваа песна да биде хит.


Администратор
08/10/2021 10:55