Денеска (07.10.2021) во 04.00 часот во Полициското одделение Ново Село, И.И.(33) од с.Мокрино, кандидат за советничка листа на локалните избори, пријавил дека во периодот од 20.30 часот на 06.10.2021 до 01.20 часот на 07.10.2021, со тврд предмет било скршено стаклото на предната десна страна од неговото патничко возило ,,фиат’’, паркирано во дворот на пазарот во с.Ново Село и биле одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.