Бугарско-американската глумица Николина – Нина Добрев, можеби најпозната по улогата во серијата „Дневникот на вампирите“ и филмот „Линија на смртта 2“, за списанието „Аркитекчјурал дајџест“ (Architectural Digest), ги отвори вратите на нејзиниот реновиран дом во Лос Анџелес.

Добрев е Бугарка која своето детство го минала на југот на Франција, што може да се забележи и по начинот на доукрасување на куќата. Таа, сепак, била инспирирана и од шпанските стилови на внатрешен дизајн од 1920-тите. Елегантните месинг-подробности и шари и мебелот купен на американскиот пазар, додаваат посебен шарм.

– Куќата е многу стара и реконструиравме некои работи, но притоа користевме само органски материјали коишто небаре отсекогаш да припаѓале тука!, вели таа.

Таа одлучи да го реновира својот дом во САД кога почна пандемијата на коронавирус. Маслинесто-зелените кујнски ормари и теракота-подовите го комплетираат изгледот на кујната.

И во другите простории може да се видат плочки со мотиви на теракота.

Во преодниот простор меѓу кујната и трпезаријата има дело насликано од британскиот уметник Џо Хенри Бејкер. Фотографија на музичарот Дејвид Боуви, пак – подарок од нејзиниот партнер Шон Вајт, ја краси трпезаријата. Ова е нејзиниот омилен дел од куќата.


Администратор
07/10/2021 15:23