Италијанскиот фудбалски репрезентативец и член на Јувентус, Роберто Кјелини изјави дека „се срами како Италијанец“ поради расистичките навреди, кои навивачите на Фиорентина во неделата им ги упатија на црномурестите фудбалери на Наполи.

Весникот „Газета дело Спорт“ објави денеска дека цел на расистички навреди на неделниот натпревар во Фиренца биле фудбалерите на Наполи, Калиду Кулибали, Виктор Осимен и Андре-Франк Замбо Ангуиса.

Обраќајќи им се на новинарите Кјелини рече дека таквото однесување е „неприфатливо“.

– Потребни ни се закони и правила, кои се применуваат. Се срамев како Италијанец и Тосканец, затоа што во моите очи Италија не е расистичка земја, изјави Кјелини.