Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков има тешка повреда на коленото поради која подолго време ќе биде надвор од терените. За повредата на Манасков информира неговиот клуб Веспрем.

– За жал, лекарските прегледи го потврдија она од што сите се плашевме. Настрадаа предните вкрстени лигаменти, плус страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата. Нашиот играч ќе мора на операција, долга пауза. Датумот и местото на постапката сè уште не се познати, така што не можеме да дадеме информации за детали за враќањето на нашиот ракометар. Дејан Манасков е стандарден член на нашиот тим од 2017 година. Постигна 27 гола на десет натпревари оваа сезона. Ние сме со тебе Деки и со нетрпение очекуваме да се вратиш што е можно поскоро! – стои во објавата на унгарскиот клуб.

Повредата и отсуството на Манасков е голем хендикеп за македонската репрезентација која на почетокот на следната година ќе учествува на Европското првенство.


Администратор
06/10/2021 14:55