Поради незадоволителни резултати на почетокот од сезоната, раководството на фудбалскиот второлигаш Охрид спогодбено ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручнио штаб Драган Бочески.
За нов тренер на охридската екипа е назначен Пепи Џигероски.
– И на двајцата им посакуваме успех во понатамошната кариера, соопшти попладнево клубот.
Екипата на Охрид, која минатата сезона стигна до баражот за пласман во Првата македонска лига, е последнопласирана во западната второлигашка конкуренција со само една победа и пет порази по воведните шест кола.