Клучната придобивка од „Смарт сити“ на Шилегов е што треба да оди во затвор, злоупотребува 6.5 милиони евра преку фирми подизведувачи блиски до него.
Медиумите веќе објавија дека голем број компании кои сакале да учествуваат на тендерот за „Смарт сити“ барале измени во тендерската документација и техничките спецификации за милионскиот тендер што Град Скопје го спроведе, меѓутоа најголем дел од нивните барања биле одбиени.
Зошто биле одбиени и зошто тендерот е направен токму како што е направен се прашања на кои што Шилегов по 17 октомври ќе има време да одговори.
Главните прашање за сега се што правеше Шилегов 4 години?
Зошто не го направи до сега?
Или ова е уште еден подземен тунел на Шилегов, го има на хартија проектот, а во пракса никаде?
Нека почне првин со одговори на овие прашања, а за другите има време, нема да застари, ќе одговори секако.