Кандидатот за градоначалник на ДОМ и ЛДП за Општина Штип, Ванчо Санев најави целесна дигитализација на општина.

Тој на денешната прес-конференција истакна дека граѓаните сите обврски, услуги и документи кои ги издава општината можат да ги добијат само ако физички отидат во општинската зграда, со ограничено работно време, а на тој начин какошто вели Санев општина очекува граѓаните да се прилагодата на неа, наместо општината да се прилагоди на потребите на граѓаните.

-Во мојот мандат како градоначалник предвидувам целосна дигитализација во работата на општината, можноста за електронско аплицирање за документи, електронско следење на постапките и електронско издавање на документи, вели Санев.

Посочи дека на тој начин освен што ќе се скратат и забразат постапките, општината ќе ја зголеми и транспарентноста во своето работење.