Белгијката Алисон ван Ујтванк ја освои денеска титулата на ВТА турнирот во Нурсултан, откако во финалето со пресврт ја совлада домашната тенисерка, Азербејџанката Јулија Путинцева со 1-6, 6-4, 6-3.

За Ван Ујтванк, моментно 89. рангирана тенисерка во светот, ова е петта ВТА титула во кариерата и прва по пауза од две години.

Пред домашната публика Путинцева не успеа да дојде до својата трета титула во кариерата.