Бранителот на трофејот Силекс ќе игра против струмичка Беласица во осминафиналето во Македонскиот фудбалски куп, додека во локалното дерби, Вардар ќе го пречека тимот на Скопје, а Шкендија ќе игра против соседот Ренова, одлучено е денеска со жрепка.

Осминафинални двојки:

Струга ТЛ – Борец, Академија Пандев – Македонија ЃП, Шкендија – Ренова, Вардар – Скопје, Брегалница – Охрид, Беласица – Силекс, Пелистер – Работнички, Шкупи – Тиквеш.

Според пропозициите, еден натпревар одлучува за место на екипите во четвртфиналето. Осминафиналните натпревари се на програмата на 20. октомври со почеток во 14 часот.