Викендов во Тирол, Австрија ќе се одржи меѓународен карате семинар со светската карате легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан. На семинарот ќе учествува и најдобриот макетонски натпреварувач во традиционално карате, Дејан Недев.

На семинарот ќе се презентираат најновите техники во традиционалното карате за натпреварувачките дисциплините: ен-бу, ката-бункаи и кумите.

Шираи во моментов важи за еден од најдобрите карате инструктори во светот кој е најзаслужен за ширењето и квалитетот на овој спорт во Европа. Тој кој повеќе од 50 години живее и работи во Милано, Италија.

Воедно, Шираи е најбараниот карате инструктор во светот и ученик на творецот на традиционалното карате Сенсеи Хидетака Нишијама (1928-2008) кој ја основа Светската карате федерација (ИТКФ).

Во 2014 година Шираи има одржано семинар во Скопје. Беше одликуван со плакета од страна на Агенцијата за млади и спорт за придонес и развој на каратето во Македонија.