Црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) поднесе кривична пријава до Специјалното државно обвинителство (СДТ) против премиерот Здравко Кривокапиќ и други избрани функционери под сомнение за злоупотреба на положбата и пречекорување на службената должност за време на настаните во Цетиње на 4 и 5 септември, јави МИНА.

Во кривичната пријава, до која увид имал весникот „Дневне новине“, се наведува дека пријавените ја злоупотребиле функцијата премиер, пратеници, министри … , надминувајќи ги границите на нивните службени овластувања.

Во пријавата се наведува дека Кривокапиќ формирал тело кое немало никакви законски и уставни овластувања да донесува одлуки во врска со националната безбедност, и кое, во принцип, презеде делови од командата на операцијата на безбедносните сили на 5 септември во Цетиње.

Како доказ со кривичната пријава, на Специјалното државно обвионителство му е доставена и фотографија од просториите на Владата, направена на 5 септември, на која покрај Кривокапиќ, дел од командниот персонал во спомената операцијата се и пратениците Марко Милачиќ, Момчило Копривица, министрите Милојко Спајиќ, Оливера Ињац, Јаков Милатовиќ и директорот на Агенцијата за национална безбедност Дејан Вукчиќ и шефот на кабинетот на премиерот Ивана Маловиќ.

Кривокапиќ е обвинет дека на 5 септември, со пречекорување на границите на службените овластувања, сериозно го прекршил правото на друг со тоа што, покрај уставните и законските овластувања, му дал наредба на помошникот директор на полициската управа, Веселин Веjовиќ.


Администратор
21/09/2021 12:13