Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, претстојната недела ќе патува во САД, каде ќе учествува на Генералната дебата на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Во рамки на посетата, како што информираат од МНР, предвидени се средби и со високите претставници на администрацијата на САД и посебен настан за воспоставување дипломатски односи меѓу Македонија и Филипини.

Во рамки на Генералното собрание, Османи ќе учествува и на бројни состаноци на високо ниво, како што е состанокот на Заедницата на демократии, Алијансата за мултилатеризам и на Конференција за поддршка за влегување во сила на Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестирања.

Османи, како што е најавено од МНР, ќе учествува и на средбата со Генералниот Секретар на ОН, Антонио Гутереш, а ќе присуствува и на обраќањето на претседателот Стево Пендаровски на Генералната дебата.

Од МНР, исто така, информираат дека посетата на Османи, ќе се искористи и за натамошно промовирање на заложбите на нашата земја, но и на нашите партнери ЕУ и САД, за поддршка на ефективниот мултилатерализам.


Администратор
19/09/2021 19:36