Аудиокасета со снимка на која Џон Ленон пее досега необјавени песни за време на неговиот престој во Данска 1970 година, ќе биде ставена на аукција. Снимката е проценета меѓу 27.000 и 40.000 евра и трае 33 минути. Им припаѓа на четворица мажи кои го запознале Ленон како адолесцент.

Пејачот од „Битлс“ минал дел од зимата 1969-1970 година на западниот брег на Данска.

Наддавањето ќе се одржи на 28 септември во Копенхаген, објави аукциската куќа „Брун Расмусен“.

Снимката е сосема уникатна бидејќи содржи и разговор. Снимена е по прес-конференција, кога средношколци, заедно со неколку новинари разговараа со Ленон, па тој им отпеа неколку песни. Тука ја има и „Radio Peace“, којашто никогаш не е објавена.


Администратор
16/09/2021 15:54