Интер денес одигра нерешено со Сампдорија (2:2) во 3. коло од Италијанското фудбалско првенство. За главниот тренер на тимот од Милано Симоне Инзаги, ова беше 200. натпревар како главен тренер во Серија А. Тој од летово работи во Интер, а претходно беше во Лацио.

Инзаги победи на 110 од 200 натпревари. Ова е втор резултат во оваа статистичка категорија во ерата на три поени (од сезоната 1994/95).

Само поранешниот тренер на Интер и Јувентус, Антонио Конте е пред Инзаги со 136 победи во првите 200 натпревари.