Фудбалскиот клуб Работнички ја продолжи соработката со двајца млади фудбалери, репрезентативец Димитар Тодоровски и напаѓачот Бујар Хајдари.

Фудбалерот за врска Тодоровски го продолжи договорот за една дополнителна година. Тој е дете на клубот и останува „романтичар“ до јуни 2023 година.

Напаѓачот Хајдари потпиша двегодишен договор со Работнички.

– По заокружувањето на летниот преоден рок, клубот се фокусира на продолжување на договорите на сопствениот кадар. Продолжувањето на соработката со младите и талентирани фудбалери отсекогаш било цел на Работнички. Димитар Тодоровски е веќе докажан првотимец, дете на клубот и младински репрезентативец и ни претставува особено задоволство што ќе остане во клубот и во наредниот период. Бујар Хајдари исто така потекнува од нашата младинска академија и веруваме дека ќе се наметне со целиот потенцијал во претстојната сезона, изјави спортскиот директор на Работнички, Горан Станковски.

Работнички в недела, во продолжението на првенствената сезона на арената „Тодор Проески“ го пречекува тимот на Брегалница.