Вкупно 12.865 лица до вчера се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 62 барања за запишување во Избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 25 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 60 барања.
Постапката за јавен увид во Избирачкиот список ќе трае до четврток 9 септември.