Тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците утре ќе одржи собрание на кое ќе се одлучува за кандидат за градоначалник на Тетово меѓу Вјолца Бериша и Вулнет Мурсели.

Од Алијанса за Албанците за МИА информираа дека денеска се уште нема дефинитивен избор за кандидат за градоначалник и тоа ќе се направи на партискиот состанок.

– Изборот за кандидат за градоначалник ќе се изврши утре на Собрание на тетовскиот оганок. Двајцата се предложени од партиските структури и имаат поддршка од централните тела на партијата, изјави Арбен Зеќири задолжен за односи со јавноста.