Левиот бек на Манчестер сити, Бенџамин Менди, останува во притвор под обвинение за силување.

Судското рочиште за случајот со 27-годишен Французин, кој е обвинет за четирикратно силување, се одржа зад затворени врати.

Судот ја одби кауцијата на Менди.

По обвинението, Менди беше уапсен и затворен во затворот „HMP Altcourse“ во Ливерпул.

На 10 септември, Бенџамин повторно ќе се појави пред „Кралскиот суд“ во Честер.