Стартот на трката во Формула 1 за Големата награда на Белгија попладнево веќе втор пат е одложен лоши временски услови на патеката СПА – Франкошамп.

Стартот на трката беше предвиден за 15 часот, но силниот дожд и слабата видливост на патеката ги принудија организатори на 20-ет минутно одложување.

Во 15:20 часот безбедносното возило се појави на патеката, но по само еден извозен круг беше запалено црвено светло и трката беше прекината.

Според правилата, трката мора да заврши во период од четири часови од планираниот старт што во случајот значи до 19 часот по средноевропско време.