Французинот Фабио Квартараро (Јамаха) ја освои денеска Големата награда на Велика Британија, триумфирајќи на патеката Силверстон во категоријата мото ГП пред шпанскиот тандем Алекс Ринсо (Сузуки) и Алеикс Еспергаро (Априлиjа).

Ова е петта победа сезонава за Квартараро (206 бодови) со која возачот на Јамаха ја зголеми предноста во генералниот пласман на 65 бодови пред актуелниот светски првак Хуан Мир (Сузуки), со 141 бодови.

Следната трка во календарот на Мото ГП е на 12 септември за Големата награда на Арагон.