Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо сака да го напушти клубот пред крајот на летниот преоден рок, објави италијанскиот новинар Николо Шира на Твитер.

Според Шира, агентот на Роналдо, Жорж Мендеш, разговарал со Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Реал Мадрид.

Последната опција е малку веројатна поради лошите односи на играчот со претседателот на клубот Флорентино Перез.

Триесет и шестгодишниот Португалец минатата сезона одигра 44 натпревари за Јувентус и постигна 36 голови плус четири асистенции.