Првите плеј-оф натпревари од Лигата на шампионите се одиграа вчера. Преостанатите три од првиот дел се играат вечер од 21 часот.
Монако вчера загуби од Шахтјор Доњецк со 0-1, Салцбург со 2-1 беше подобар од Брондби, а Шериф убедливо го совлада Динамо Загреб со 3-0.
Вечер ќе се сретнат екипите на Јанг Бојс и Ференцварош, Бенфика и ПСВ Ајндховен, и Малме со Лудогорец.
Победниците од плеј-офот одат во групната фаза на УЕФА Лига на шампиони, а тимовите што ќе загубат преминуваат во групната фаза на Лига Европа.