Британскиот спринтер Чиџинду Уја се произнесе за наводите за прекршување на анти-допинг правилата на Олимписките игри во Токио.

При допинг-контролата, се пронајдени забранети супстанции во неговиот примерок и Британецот е привремено суспендиран.

– Сакам јасно да порачам дека не сум измамник. Никогаш свесно не сум земал нелегални материи. Ќе се придржувам до сите формални процеси и нема да давам никакви коментари за случајот додека не биде потребно, рече Уја.

Тој беше дел од штафетата на Велика Британија на трката 4 х 100 метри, со која освои сребро на Игрите во Токио 2020.