Од Формула 1 тимот на Ферари најавија дека ќе користат екстензивно ажурирани компоненти за погон во втората половина од сезоната.

Регулативата забранува воведување ажурирања поврзани со зголемувањето на моќноста, меѓутоа, Ферари, за разлика од другите, не започна да ги хомологира сите делови на моторот пред почетокот на сезоната 2021 година. Наместо тоа, користеше некои елементи од 2020 година.

Не е познато кога тимот ќе започне да го користи новиот мотор. Шефот на „Ферари“ Матија Биното изјави дека ова ќе се случи по италијанското Гран при.

-Ќе направиме ажурирања во електрониката. Пред почетокот на сезоната, не направивме целосно ажурирање – има компоненти од минатата година и нив ќе ги надградиме. Мислам дека ова ќе биде значаен чекор напред за нас, рече Биното.

Минатата сезона, тимовите беа обврзани да ги користат моторите што беа донесени на првата трка. Оваа година, регулативите се сменија. Дозволени се промени во спецификациите на компонентата еднаш во секое време помеѓу последните трки на сезоната 2020 и сезоната 2021 година.