Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е многу загрижен за формата на неговиот тим и покрај високиот пораз од Барселона со 3:0 во „Гампер купот“.
– Тимот одигра добро, особено во првото полувреме. Уште треба да работиме и да ја најдеме најдобрата форма, но овој натпревар ни помогна. Се сретнавме со тим кој беше пред нас во однос на подготовките и имаше повеќе пријателски натпревари, но во целина сум среќен со играта, бидејќи успеавме неколку пати да создадеме шанса.
Ќе имаме уште еден пријателски натпревар против Аталанта на домашен терен за да ја завршиме нашата претсезонска подготовка. За нас ќе биде важно да се подготвиме за натпреварот на 22 август против Удинезе за да го започнеме шампионатот со победа, истакна Алегри за официјалната веб-страница на клубот од Торино.
Јувентус синоќа загуби на гостински терен од Барселона во првиот натпревар по официјалното заминување на Лионел Меси од каталонскиот фудбалски гигант. Головите ги постигнаа Мемфис Депај, Мартин Брајтвејт и Рики Пуиг.