Шпанецот Хорхе Мартин (Прамат Дукати) победи на Големата награда на Штаерска, десеттата трка во рамки на светското првенство во мотоциклизам што попладнево се возеше на патеката Ред Бул Ринг во австриски Шпилберг.
Мартин својата прва победа во кариерата ја извојува минувајќи низ целта пред својот сонародник Жоан Мир (Сузуки) и водечкиот во генералниот пласман, Французинот Фабио Квартараро (Јамаха).
Трката ја одбележа инцидент во третиот круг, кога Дани Педроса загуби контрола врз моторот, на кој наиде Лоренцо Салвадори по што двата мотора се запалија.
Трката веднаш беше прекината, а Салвадори на носилки беше изнесен од патеката. Според последните информации, неговите повреди не се посериозни, додека Педроса мина неповреден и ја продолжи трката по повторениот старт.
Во генералниот пласман во Квартараро со 172 бодови, пред сонародникот Јохан Зарко (132), додека третопласиран е Мир (121).