Со пет натпревари во терминот од 17:30 часот попладнево стартуваше 30. сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Воведните 45 минути донесоа слаба ефикасност и само два постигнати голови.

Македонија ЃП води против Пелистер со 1:0, а идентична предност на домашен терен има и Работнички во дуелот против Борец.

Без голови по првото полувреме е на натпреварите Брегалница – Шкупи, Тиквеш – Шкендија и Ренова – Скопје.

Воведното коло од новата сезона во ПМФЛ ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот меѓу Академија Пандев и Струга (20 часот).