Повратникот во прволигашкото друштво, екипата на Брегалница од Штип, го ангажираше и осмото засилување за новата сезона, потпишувајќи договор со еден од најголемите српски фудбалски таленти Никола Ескиќ.

Дваесет и тригодишниот Ескиќ доаѓа во Брегалница од редовите на минатогодишниот суперлигаш Бачка, а претходно настапуваше во дресот на Напредак Крушевац.

– Ескиќ, кој игра на централните позиции во средниот ред треба да биде повеќе од сериозно засилување за составот на Марјан Секуловски за настапите во Првата лига, соопшти штипскиот прволигаш, кој попладнево во премиерното коло од новата сезона на домашен терен ја пречекува екипата на Шкупи.