Машката одбојкарска репрезентација на Франција ја освои титулата олимписки првак, откако попладнево во финалето во Токио ја совлада Русија со 3-2 (25-23, 25-17, 21-25, 21-25, 15-12).
Триколорите дојдоа со златното одличје во својот дебитантски настап во олимписко финале, додека за Русија ова е петти медал во постсоветската ера и второ сребро.
До олимписката титула Французите ги предводеше Ервин Нгапет со 26 поени, додека во рускиот состав најефикасен беше Максим Михајлов со 21 поени.
Бронзата ја освои Аргентина, која претходно денеска го совлада бранителот на титулата Бразил со 3-2 (25-23, 20-25, 20-25, 25-17, 15-13).