Женската фудбалска репрезентација на Канада го освои денеска во Токио првиот златен олимписки медал во својата историја, совладувајќи ја фаворизираната Шведска на пенали (3:2), откако финалето во регуларниот дел и продолженијата заврши 1:1.
Швеѓанките поведоа во 34. минута преку Стине Блакстениус, а израмни Џеси Флеминг во 67. минута од пенал.
Канаѓанките беа попрецизни во пенал серијата и го освоија златниот медал во своето прво олимписко финале.
Шведска, од друга страна, го загуби своето второ финале во серија, откако на Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година беа совладани од Германија со 1:2.