Бразилските одбојкарки рутински попладнево обезбедија дуел во финалето на олимпискиот турнир против САД, откако во полуфиналето во „Ариака Арена“ во Токио ја совладаа Јужна Кореја со 3-0 (25-16, 25-16, 25-16).

Убедливи на патот кон финалето претходно денеска беа и Американките со триумфот над актуелниот светски и европски првак, репрезентацијата на Србија, со 3-0 (25-19, 25-15, 25-23).

Финалето е на распоредот в недела со почеток во 6:30 часот.

Бразилките го освоија златото на Олимписките игри во Пекинг 2008 и Лондон 2012, а на домашен терен во Рио де Женеиро во 2016 година беа петопласирани.

Американките, исто така, имаат три медали на последните три Олимписките игри – сребро во Пекинг 2008 и Лондон 2012 и бронза во Рио 2016.