Мексиканските фудбалери го освоија денеска бронзениот медал на Олимписките игри во Токио совладувајќи го домаќинот Јапонија со 3:1.
Головите за Мексико ги постигнаа Себастијан Кордова (13мин), Јохан Васкез (22) и Алексис Вега (58), додека Каора Митома (78) беше стрелец на почесниот гол за Јапонија.
За Мексико ова е втор олимписки медал по златото на Игрите во Лондон во 2012 година.
Финалето меѓу Бразил и Шпанија е на програмата в сабота со почеток од 13:30 часот.