Бугарија денеска го освои премиерниот златен медал и вкупно четврти на Игрите во Токио, по успехот на каратистката Ивет Горанова во кати, јави агенцијата БТА.

Дваесет и едно годишната Горанова се искачи на победничкиот пиедестал со пет убедливи победи со што на својата земја и го донесе првиот златен медал по Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

– Не знам што да кажам. Сè уште не можам да сфатам што постигнав. Цела Бугарија треба да се гордее, да се радува и да слави, изјави Горанова по освојувањето на златното одличје.

Бугарските олимпијци досега на игрите во Токио освоија по еден златен и сребрен медал, како и две бронзени одличја,

– Сигурна сум дека до крајот на Игрите ќе освоиме барем уште еден златен медал. Верувам во тоа. Јас тука дојдов по златото и ниту за момент не помислував на бронзата или среброто, бидејќи бев убедена дека сум најдобра во својата категорија, додаде Горанова.