Актуелниот светски првак Стивен Гардинер од Бахами победи денеска на Игрите во Токио во трката на 400 метри, истрчувајќи ја патеката со време од 43:85 секунди што е најдобар резултат оваа сезона.
За 25-годишниот атлетичар роден во Абака ова е втор олимписки медал во кариерата, откако пред пет години на Игрите во Рио де Женеиро го освои среброто како член на штафетата на Бахами на 4×400 метри.
Втор низ целта мина Колумбиецот Хозе Антони Забрано со резултат 44:08, додека бронзениот медал му припадна на Кирани Џејмс од Гренада (44:19).