Челните луѓе на Македонската пинг-понг федерација (ППФСМ) и националната Специјална олимпијада, Горан Тиловски и Љупчо Петровски потпишаа Меморандум за соработка.

Како што соопшти денеска ППФСМ, Меморандумот предвидува вклучување на лицата со интелектуална попреченост во спортот и спортски натпревари, промовирање на здрав начин на живот, подигање на јавната свест за лицата со интелектуална попреченост, како и едукација на теми поврзани со овие целни групи.

Во првата фаза од соработката, ППФСМ на членовите на Специјалната олимпијада ќе им помогне со донација на спортска опрема и реквизити за пинг-понг.

Претходно, ППФСМ потпиша Договор за соработка со Федерацијата за училишен спорт.