Францускиот репрезентативен напаѓач Карим Бензема постигнал согласност со Реал Мадрид за продолжување на договорот, јавија шпанските медиуми.

Актуелниот договор на Бензема истекува следната година, а според весникот ABC Deportes, Французинот и Реал Мадрид ќе ја продолжат соработката до 30 јуни 2023 година.

Поради финансиските проблеми на Реал предизвикани од пандемијата на коронавирус, Бензема се согласил на намалување на платата за 10 отсто за новата сезона и за 15 отсто во сезоната 2022/23.

Дополнително Бензема го известил раководството на Реал дека во случај неговата форма да оди во надолна линија самиот предвреме ќе го напушти „кралскиот“ клуб.