Американската атлетичарка Сидни Меклафлин го освои златниот медал на Олимпијадата во Токио на 400 метри со пречки. Таа патеката ја помина за 51,46 секунди. Ова е нов светски рекорд.

Претходниот светски рекорд исто така го држеше Меклафлин со време 51,90 секунди.

Сребрениот медал го освои друга Американка, Далиа Мухамед – 51,46.

На победничкиот подиум како третопласирана се најде Фемке Бол од Холандија со истрчани 52,03 секунди.

Вчера и на машката трка 400 метри со пречки, од страна на Норвежанецот Вархолм беше срушен светскиот рекорд.