СДСМ ем шуто ем боде. Фали уште ВМРО-ДПМНЕ да го обвинат затоа што две години не ги сервисирале авионите за гаснење пожар, или пак да го обвинат ВМРО-ДПМНЕ дека не испратиле хеликоптер да го гаси пожарот во Кочани навреме?!

Граѓаните повторно ја видоа на дело неспособноста и неодговорноста на власта на Заев.

Дозволија пожарот да дојде до градот, да зафати куќи и имоти на граѓани, да загрози животи.

Штетата од пожарите е далеку поголема од цената која требаше да се плати за сервисирање на авионите за гаснење пожари.

Од власта на Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од нив јавноста бара одговорност!