Одбојкарите на Бразил и на Русија ќе играат во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча одиграни во раните утрински часови.

Најпрво Русија ја совлада Канада со максимални 3:0, по сетови 25:21, 30:28 и 25:22.

Во второто четвртфинале, Бразил исто така со 3:0, по сетови 25:20, 25:22 и 25:20 беа поуспешни од Јапонија.

Во текот на денот ќе играат: Италија – Аргентина Полска – Франција.