Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од делови од општините Центар и Бутел.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи Скопје по известување на ЕВН, во периодот од 08:30-15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Оце Николов“ на потегот од општина Центар до улица „Кострурски Херои“ (броеви од 109-121), во општина Центар.

Во периодот од 07:30-14:00 часот, пак без струја ќе останат корисниците од улиците: „Александар Урдаревски“ и „Петар Манџуков“, деловните објекти околу пазарчето Бутел и улица „Бетовенова“ во општина Бутел.


Администратор
02/08/2021 12:45