На Олимписките игри во Токио, денес ќе бидат поделени 22 сета медали, а четири од нив веќе отидоа кај новите шампиони.

Гркот Тентоглу победи во скок во далечина, додека Камачо-Квин од Порторико беше најбрза на 100 метри.

Освоени медали во четири дисциплини:

Атлетика – скок во далечина, мажи 1. Милтијадис Тентоглу (Грција) 2. Хуан Мигел Ечеварија (Куба) 3. Мајкл Масо (Куба)

Атлетика 100 метри со пречки, жени: 1. Јасмин Камачо-Квин (Порторико) 2. Кендра Харисон (САД) 3. Меган Тапер (Јамајка)

Бадминтон – парови, жени: 1. Граиција Полиј/ Апријани Рахају (Индонезија) 2. Чен Кингчен / Џија Јифан (Кина) 3. Ким Со Јанг / Кон Хи Јанг (Јужна Кореја)

Стрелаштво, пиштол, 25 метри, мажи: 1. Жан Кикампуа (Франција) 2. Леурис Пупо (Куба) 3. Ли Јуехонг (Кина).