Бруто домашниот производ на Босна и Херцеговина за 2020 година номинално изнесува 34,24 милијарди конвертибилни марки и во споредба со 2019 година, тој е помал за три проценти, додека реалниот пад е 3,2 проценти.

Според првичните податоци на Агенцијата за статистика на БиХ, дефлаторот на БДП за 2020 година изнесува 0,2 проценти, јавија сараевски медиуми. Годишниот БДП по глава на жител во БиХ беше 9.853 км, или 5.038 евра. Значителен номинален раст на бруто додадената вредност е забележан во градежништвото (седум проценти), земјоделството, шумарството и риболовот (5,6 проценти).

Номинален пад на бруто додадената вредност е забележан во обезбедувањето сместување и подготовка и послужување храна (28,8 проценти), превоз и складирање (10,2 проценти), уметност, забава и рекреација (13,1 проценти), трговија на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли (7,5 проценти).


Администратор
29/07/2021 16:00