Почнуваат подготовките за реализација на основниот проект за хортикултурно и партерно уредување на скверот зад ТЦ „Бисер“.

Проектот опфаќа поплочување на постојната површина со сосема нов и модерен дизајн, модерна урбана опрема, клупи за седење, фонтани за пиење вода, ново осветлување, а ќе бидат поставени и висечки жардинјери. Старата и нефункционална фонтана ќе се преуреди и ќе биде пренаменета во жардинјера со зеленило и други содржини.

При изведбата на градежните активности ќе се води сметка за нормалното движење и комуникација на граѓаните со околните места.

„Конечно, по долго време, со оваа ревитализација плочникот зад ТЦ „Бисер“ ќе прерасне во современ простор, со што ќе се подобри неговата функција и квалитет, а тоа ќе придонесе за привлекување на што повеќе посетители и ќе претставува одлично место за одмор и рекреација на граѓаните на Аеродром“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Исто така, хортикултурно и партерно ќе биде уреден и скверот зад ТЦ „Капитол“, кој ќе понуди нови содржини.


Администратор
29/07/2021 15:52