Репрезентативката на Сан Марино во стрелаштво Алесандра Перили испиша денеска историја на Игрите во Токио освојувајќи го првиот олимписки медал за својата земја.

Перили го освои првиот медал во историјата на Олимписките Игри за Сан Марино завршувајќи третопласирана фо финалната серија во дисциплината трап 125, во која со 45 погодени мети и нов олимписки рекорд триумфираше Зузана Рехак – Стефечкова од Словачка. Сребрениот медал и припадна на Американката Кајли Браунинг.

Во истата дисциплина во машка конкуренција, златниот и сребрениот медал го освоија репрезентативците на Чешка, Јиржи Липтак и Давид Костелцки, додека бронзата му припадна на Британецот Метју Кауард – Холи.


Администратор
29/07/2021 15:48