По 20 години, гласините за караниците, поточно – затегнатите односи, добија и повеќе тежина. Пред неколку дена, филмаџијата Шон О’Банион, како учесник во снимањето на „Чарливите Ангели“ посведочи како глумецот Бил Мареј ја навредил својата колешка Луси Лиу, па и таа проговори за случувањата. И двајцата глумци се меѓу главните ликови во филмскиот хит од 2000 година. Во остварувањето глумеа и Дру Баримор и Камерон Дијаз.

Според О’Банион, Мареј ѝ рекол на Лиу дека таа е „само една ТВ-глумица“. Таа претходно веќе се стекна со одреден углед во ТВ-серијата „Али Мекбил“ пред да биде најмена во високобуџетната кинематографија.

– Мислам дека некои од тие приказни се приватни. Но, јас ќе кажам, кога почнавме да ја вежбаме таа сцена, во која сите бевме во агенцијата, го имавме викендот за да ја преработиме таа конкретна сцена и Бил Мареј не беше во можност да дојде затоа што мораше да присуствува на некој семеен собир. Но, тука беа сите други, па ја направивме сцената пофлуидна… Но, како што минуваа сцените, Бил почна да навредува, и јас нема да навлегувам во ситници, но тоа само продолжуваше и никако да запре. Не можев да верувам дека (коментарите) можат да бидат кон мене, затоа што имам врска со нешто што е многу важно во тоа време? Буквално погледнував зад себе, во смисла – „мене ми зборуваш, или на некој зад мене?“ Јас му велам – „многу ми е жал, дали зборуваш со мене?“, раскажува Лиу.

Во вториот дел од „Чарливите Ангели“ од 2003., Мареј беше заменет со комичарот Берни Мак.

– Јас воопшто немам ништо против Бил Мареј. Се видовме еднаш на повторната средба на глумците од филмот, ми пријде и беше „совршено пристоен”… Но, јас нема само да седам таму и да ме напаѓаат, вели Лиу.

Следниот филм каде што таа ќе глуми, е „Шазам: Бесот на боговите“ (Shazam – Fury of the Gods), како Калипсо.


Администратор
28/07/2021 16:29