По пауза од две и пол децении, рускиот национален тим го освои златниот медал на Олимпијадата во спортска гимнастика екипно.

Русите во крајно драматична и неизвесна борба, по вежбите во шест дисциплини, беа поуспешни од Јапонците.

Конечен резултат: 1. Русија 262, 500 бодови 2. Јапонија 262,397 3. Кина 261,894.

За рускиот тим настапија: Никита Нагорни, Артур Далалојан, Давид Белјавескиј и Денис Аблјазин.

Натпреварите во спортска гимнастика ќе траат до 28 јули.