Генералниот серкретаријат на Владата е во постапка за избор на компанија која ќе врши оваа распределба на АДР сертификатите за камионџиите со што целиот електронски систем ќе биде ставен во функција.

За ова денеска информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на почетокот на изградба на браната на река Отиња во Штип, од каде посочи дека наскоро ќе има решение за проблемот со издавање на сертификатите за возачите на товарни возила кои превезуваат опасни материи.

-Барам трпеливост бидејќи имаше таква состојба во која се раскина договорот со претходната компанија и мора да се направи постапка за избор на нова компанија која ќе работи на овие постапки, појасни Бочварски.


Администратор
24/07/2021 00:22