Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, денеска ги потпиша договорите со претставниците на осумте плански региони во земјава со кои се доделува финансиска поддршка за нивен развој во областа на земјоделството и руралниот развој.

Вкупниот буџет за годинава за оваа намена за реализација на проекти изнесува 25 милиони денари, средства од МЗШВ. Со ове средста се опфатени 20 општини и ќе се финанира реконструкција на 29 локални патишта, што, како што информира министерот Хоџа претставува најголем број проекти од како постои имплементацијата на програта.

-Раномерниот развој на целата територија на нашата држава во сите региони подеднакво е една од нашите цели за подобрување на економијата особено во руралните средини. Нашата цел е континуирано да се создаваат услови за развој на селата. Силните аграрни политики со фокус на младите нема да ги дадат резултатите доколку не ги подобриме условите. Има многу млади луѓе кои одбраа да останат во села и да продолжат да ја обработуваат земјата која им е дедовина аманет и наследство. Има многу фармери кои изнајмуваат земјиште ги развиваат своите аграрни проекти и придонесуваат за развој на земјоделството и подобрување на домашната економија, рече министерот по потпишувањето на договорите

Доделувањето на средствата за центрите за развој на планските региони, нагласи, е една од мерките која овозможува регионален развој и е поддршка за аграрните политки за развој на наште села.

-Потпишувањето на договорите за финансирање на проекти за подобрување до пристапот до обработливо површини во подрачјата со интензивна земјоделска активност е овозможено преку програмата за капирални субвеции. Проектите за финансирање се одбираат согласно дефинирани критериуми во програмите, а новина е што по препокара на проектот за одржлив инклузивен рамномерен регионален развој планските региони се бодуваат по степеност на развиеност. Општините кои се најслано развиени, добиваат најмногу бодиви. На овој начин ќе овозможиме овие региони кои заостануваат во развојот да можат да им се придружат на другите и наскоро сите осум да можат да продолжат од иста страртна позиција, рече министерот Хоџа.

Тој е уверен дека реализацијата на проектите ќе придонесе кон потикнување на развој на оштините и планските региони и отворање нови перспективи за граѓаните.


Администратор
23/07/2021 16:09