Глобалната компанија за база на податоци достапни на Интернет, „Gracenote“ објави табела за освоени виртуелни медали во Токио 2020 година.
Табелата се заснова на перформансите на спортистите во последниве години. Забележано е дека поради пандемијата КОВИД-19, прогнозата е понеизвесна од вообичаеното.
Експертите претпоставуваат дека натпреварувачите од САД повторно ќе бидат први во генералниот пласман, пред Русија и Кина.
Американците ќе освојат помалку медали од претходната Олимпијада одржана 2016 година во Рио де Жанеиро, Русија и Јапонија ќе освојат повеќе медали, додека Кина и Велика Британија ќе освојат помалку, но ќе бидат во топ 5.
Проектиран пласман на освоени медали на најдобрите 10 на Олимпијадата во Токио:
1. САД – 96 медали (121 во Рио 2016 година) 2. Русија – 68 (56) 3. Кина – 66 (70) 4. Јапонија – 60 (41) 5. Велика Британија – 52 (67) 6. Холандија – 48 (19) 7. Франција – 42 (42) 8. Италија – 41 (28) 9. Австралија – 40 (29) 10. Германија – 35 (42).
Игрите во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.